Владата на Јужна Африка издаде остро предупредување дека нема да толерира нереди за време на Мудијалот и вети спречување на какво било препродавање на билети за натпреварите. Владата ќе реагира на незаконско и небезбедно однесување кое би можело негативно да влијае врз оние што доаѓаат на натпреварите, а оние што ќе поседуваат нелегални билети, ќе бидат казнети, изјави владиниот портпарол Темба Масеко. Овие мерки на владата на Јужна Африка се со цел да ги уверат странските посетители дека ќе бидат безбедни за време на одржувањето на Светскиот куп. Стапката на криминал во Јужна Африка е висока, се случуваат околу 50 убиства дневно, речиси исто колку во Соединетите Држави, кои пак имаат 6 пати побројна популација. За време на фудбалското првенство, во Јужна Африка ќе бидат распоредени дополнителни 40 илјади полицајци.