Робен нема да игра на првиот натпревар против Данска

Switzerland -- Euro 2008 Championships Group C football match Netherlands vs. France, Bern, 13Jun2008

Еден од најдобрите холандски фудбалери Арјен Робен нема да закрепне од повредата до првиот натпревар против Данска. Селекторот ван Марвајк се надева дека тој ќе може да игра на наредните мечеви.
Селекторот на холандската репрезентација Берт ван Марвајк изјави дека Арјен Робен најверојатно нема да закрепне на време за првиот натпревар на таа селекција на Светското првенство против Данска в понеделник. Робен ја повреди тетивата во саботата на подготвителниот натпревар против Унгарија. Ван Марвајк истакна дека не очекува фудбалерот на Баерн од Минхен да игра против Данска, како и дека се уште не се знае кога тој ќе се приклучи на репрезентацијата. Селекторот изрази надеж дека Робен ќе може да ги игра наредните мечеви на Мундијалот. Холандија игра во групата Е, во која се и Данска, Јапонија и Камерун.