Фудбалерите на Португалија во подготовките за натпреварите на т.н. „група на смртта“ успешни против Мозамбик. Столбот на одбраната, Пепе, се врати на терените по 6- месечната пауза поради повреда.
Фудбалската репрезентација на Португалија вчера во Јоханесбург го совлада Мозамбик со 3:0, во подготвителен натпревар за Светското првенство. Сите три гола беа постигнати во второто полувреме, а стрелци беа Дани и два пати Алмеида. Во тимот на Португалија по подолга пауза се врати играчот на Реал Мадрид Пепе, кој беше повреден од декември минатата година. Португалската репрезентација на Мундијалот ќе игра во групата Г со Бразил, Брегот на Слоновата Коска и со Северна Кореја.