Талибанските лидери ги напуштаат Пакистан и Авганистан

Министерот за надворешни работи на Пакистан, Шах Мехмуд Куреши денеска изјавил дека воените операции во проблематичните области во близина на границата со Авганистан, натерале неколку водачи на Талибанците да ги напуштат Пакистан и Авганистан. Тој исто така изјавил дека промената на односите меѓу Авганистан и Пакистан допринела двете влади исто да гледаат на многу прашања. Куреши зборувал на заедничка прес конференција со неговите колеги од Авганистан и Турција. Министерот за надворешни работи на Авганистан, Залмаи Расул изјавил дека двете земји заеднички ќе работат за да постигнат мир во регионот.