Репрезентацијата на Германија денеска допатува во Јужна Африка, како последна репрезентација, учесник на Светскиот Куп. Капусот на германските репрезентативци е во близина на Преторија, а првиот тренинг е планиран за попладне и ќе биде отворен за јавноста. Се очекуваат околу 20 илјади посетители. Сакаме да им покажеме на домаќините дека сме среќни што сме тука, изјави генералниот менаџер на тимот Оливер Бирхоф. Инаку, во авионот од Франкфурт до Јоханезбург, со германските репрезентативци допатува и поп звездата Шакира, која ќе учествува на церемониите на отворањето на Светското Првенство. Нејзиниот настап е предвиден за в четврток.