4 дена пред почетокот на Светското првенство во фудбал во, 38 илјади билети за натпревари се вратени во Јужна Африка. Стотици луѓе стоеја во редици пред продажниот пункт во Јоханезбург во надеж дека ќе добијат билети, чија цена се движи од 200 до 300 долари. Билети има за натпреварите по групи, но за отворањето, полуфиналето и финалето, сите билети се распродадени. Според ФИФА, 97 насто од сите билети за Светскиот Куп, се продадени.