Иран ќе испраќа бродови со помош за Газа

Иранската Црвена Полумесечина соопшти дека неделава ќе испрати два брода со хуманитарна помош за Појасот Газа. Како што јави државната агенција, веќе биле повикани ирански волонтери да ги придружуваат бродовите, а елитната Револуционерна Гарда изразила готовност и таа да ја обезбедува фотилата.