7 луѓе настрадале во големото невреме што го зафати централниот дел на Соединетите Држави. Во Охајо, торнадото уништило повеќе објекти, а според локалните власти, некои места изгледаат како по војна. Бури и торнада имало и во Мичиген, Илиноис и Индијана.