Хашкиот трибунал во четврток на 11 јуни ќе им изрече пресуда на седуммина офицери на војската на Република Српска обвинети за геноцид и злосторства против човештвото над Муслиманите во Сребреница. Тие се обвинети за геноцид над 7.000 мислимани заробени во Сребреница, извршен во летото 1995-та година. На крајот на судењето во септември минатата година, обвинителот побара сите да бидат прогласени за виновни и да бидат казнети со доживотен затвор.