Протест на професионалните војници во Скопје

Околу 100 професионални војници денеска излегоа на протест низ скопските улици Професионалните војници својот протест го започнаа пред Владата, а потоа ја блокираа раскрсницата кај Соборниот храм. Војниците протестираа и пред претставништвото на ЕУ, од каде ќе продолжат кон американската амбасада, со цел да побараат поддршка од меѓународниот фактор.Тие бараат да се регулира нивниот статус по завршувањето на службата.