Јанукович не ги признава грузиските отцепени региони

Украинскиот претседател Виктор Јанукович изјави дека тој не ги признава отцепените грузиски региони Абхазија и Јужна Осетија. ,,Јас никогаш нема да ги признаам Абхазија, Јужна Осетија или Косово како независни држави. Тоа е прекршување на меѓународното право,, рече Јанукович на денешната прес конефернција во Киев. До овие негови коментари доаѓа ден откако украинскиот парламент го одобри законот за неврзаниот статус на Украина со кој, исто така, се спречува нејзиното приклучување во НАТО.