Ноемвриска шанса за евроатлантските интеграции

Граѓани со европското и македонското знаме

Јунскиот рок за продолжување на евроинтеграциите станува недостижен, а се повеќе како нова шанса се гледа ноемврискиот Самит на НАТО. Лидерот на СДСМ Црвенковски во интервју за РСЕ очекува зголемен ангажман на САД во пресрет на НАТО самитот, а експертите предупредуваат дека ноемврската е последна шанса.
Откако јунскиот рок за продолжување на евроинтеграциите станува недостижен , нова шанса тоа да се случи се гледа во ноемврискиот самит на НАТО. Лидерот на најголемата партија од опозицијата, СДСМ Бранко Црвенковски очекува дека по јунскиот рок ќе завладее разочараност кај Европската Унија и пасивизирање во однос на нашето евроинтегрирање, а во исто време зголемен ангажман на САД во
Од нивна страна се нуди зголемен ангажман и инволвираност во процесот на преговорите со Грција, меѓутоа тоа е на ограничен период само до Самитот и дека доколку ја пропуштиме таа шанса можно е да дојдеме во ситуација да бидеме на долг временски период блокирани во двата процеси
пресрет на самитот на НАТО којшто за нив од поголем приоритет. Во таа насока тој ги толкува посетите на заменик државниот секретар Филип Гордон и средбите со македонскит државен врв како и скорешната посета на генералниот секретар на НАТО, Расмусен во јуни.

,,Од нивна страна се нуди зголемен ангажман и инволвираност во процесот на преговорите со Грција, меѓутоа тоа е на ограничен период само до Самитот и дека доколку ја пропуштиме таа шанса можно е да дојдеме во ситуација да бидеме на долг временски период блокирани во двата процеси."

вели Црвенковски кој е гостин во интервјуто на Радио Слободна Европа коешто ќе се емитува в недела. Доколку не се искористи ноемвриската шанса за влез во НАТО, повлекувањето на лобистите од меѓународната заедница би можело да повлече редица други незадоволство во рамките на државата, вели професорот Назми Малиќи.

,,Сите поволни работи ако се прокоцкаат тогаш може да се појави незадоволство, да следат инциденти, а може да следи и промена на курсот на политиката на одредени политички партии и секако тука ќе има влијание и во меѓуетничките односи во државата."

U.S. -- Financial Times newspaper logo
Вели Малиќи. ,,Фајненшл Тајмс" во својата анализа влошувањето на меѓуетничките односи го гледа како најголема опасност од блокираните евроинтегарции. Тоа го покренува македонскиот национализам и ги зголемува фрустрациите кај албанската заедница, анализира весникот. Она што ние претстои е неопходност да се мобилизираат политичките партии и интелектуалните кругови треба да го сменат начинот на своето настапување со нејасни ставови и настапи кои не оддалечуваат од изградбата на заеднички став, додава професорот Малиќи. Меѓу другото, состојбата сосема извесно може да се искомплицира и на внатрешно политички план. Доколку и ноември помине како и пратходно зададените шанси за надминување во блокадата на евроинтеграциите, во земјата ќе настапи состојба во којашто предвремените парламентарни избори ќе се наметнат како неопходност, вели лидерот на СДСМ, Црвенковски.