Турското Министерство за енергетика нема да реализира нови проекти со Израел, се додека не се нормализира ситуацијата, поврзана со израелскиот напад врз хуманитарниот конвој за Појасот Газа, изјавил денеска турскиот министер за енергетика и природни ресурси Танер Јилдиз. Додека не се нормализираат односите, ќе се запре со реализација на проектите за гасовод “Син поток“ и водоводот „Манавгат“ до териториторијата на Израел. Еден од поважните турски проекти во енергетската сфера е изградбата на неколку гасоводи на дното на Средоземното Море во насока кон Израел, преку кои ќе се транспортира природен гас, нафта и вода.