Ердоган:со убиство на хуманитарци нема мир во регионот

Не може да се постигне мир во регионот ако се убиваат учесници во хуманитарни акции, изјавил денеска турскиот премиер Реџеп Тајип Ердоган, коментирајќи го израелскиот напад врз меѓународниот конвој со хуманитарна помош за Газа. Ердоган изјавил дека агресивната политика нема да му донесе никаква корист на ниту една држава .Според него ниту една држава нема да постигне било какви позитивни резултати во областа на Газа, Ерусалим и Средоземното Море, со преземање на бандитски и пиратски акции во политиката. Ердоган нагласил, дека на бродовите со хуманитарна помош немало оружје, како претпоставувал Тел Авив. Турскиот премиер истакнал дека акцијата на Израел против меѓународниот конвој не ги засега само интересите на Турција, туку и на уште 32 земји, од кои имало претставници во хуманитарната мисија.