Турција ја подржува Македонија за членството во НАТО и ЕУ

Турција останува подржувач на Македонија во нејзините амбици да стане членка на НАТО и Европската Унија, а ја подржува и во спорот за името, затоа што секоја земја има право да се нарекува како сака, изјави турскиот амбасадор во Македонија, Арслан Хакан Окчал. Окчал изјавата ја даде во Собранието на своето проштало обраќање. Турскиот амбасадор зборуваше и за инцидентот со хуманитарниот конвој за Газа. Тој го изнесе ставот на Турција дека ќе се бара независна истрага и изјави дека Владата и Парламентот на Турција се тие кои ќе одлучат за евентуалната промена на политиката на Турција кон Израел.