Турскиот министер за надворешни работи Ахмет Давитоглу изјавил дека ќе почнат разговори со ОН за формирање меѓународна комисија за истражување на случајот кога изрелски специјалци го нападна конвојот кој пренесуваше помош за појасот Газа. Давитоглу изјавил дека иднината на турско-изрелските односи ќе зависи од Израел. Тој додал дека неговата земја е подготвена да ги нормализира односите со Израел само доколку се крене блокадата на Газа. Турскиот министер за надворешни работи предупредил дека ќе ги преиспитаат односите со Тел Авив ако до крајот на денот не бидат ослободени сите преведени Турци кои беа задржани по нападот на хуманитарниот конвој.