Гардијан: Ешдаун специјален ЕУ пратеник за Балканот?

Поранешниот висок претставник на меѓународната заедница во Босна и Херцеговина Педи Ешдаун би можело да биде наименуван за специјален пратеник за Балканот. Ова денеска го пишува лондонскиот весник Гардијан, најавувајќи дека европскиот претставник за надворешна политика и безбедност Кетрин Ештон за тоа утре ќе разговара со шефот на британската дипломатија Вилијам Хејг. Весникот потсетува дека наименувањето на Ешдаун треба да биде поддржано и од другите членки на Унијата, пред се Германија која, како што се наведува, била се позагрижена од се поголемото влијание на Британија во дипломатските структури во Брисел.