Силна меѓународна осуда за нападот на израелската морнарица која денеска го пресретна и го нападна конвојот бродови со хуманитарна помош за Појасот Газа, при што загинале најмалку 10-мина про-палестински активисти. Нападот предизвикува жестоки реакции во Турција, која неформално стои зад оваа акција. Реагираат ЕУ, Обединетите Нации, а САД побараа истрага за околностите на инцидентот.
Израелската морнарица го пресретна и нападна поморскиот конвој со хуманитарна помош за Појасот Газа, при што има 10 жртви и повеќе ранети. Флотилата од 6 бродови со хуманитарната помош и околу 700 пропалестински подржувачи формирана во Турција тргна од Кипар и беше пресретната од израелските командоси, рано изутрината.
„Вие се приближувате кон непријателска зона, која е под поморска блокада. Газа и крајбрежјето на Газа се затворени за сообраќај.“
Ова беше изјавата на неименуван израелски офицер кој им се обраќал на бродовите пред да започне судирот, а емитувана од израелската армија.
„Израелската влада подржува доставување на хуманитарна помош за цивилното население на Појасот Газа и ве повикуваме да влезете во пристаништето Ашдод. Доставувањето на помошта ке биде во согласност со правилата на властите и под ваш мониторинг по што ќе можете да се вратите на бродовите со кои пристигнавте.“
Според Ал Џезаира и Турската НТВ, израелските сили потоа отвориле оган. Нападот врз флотилата за помош на Газа предизвика жестоки реакции во Турција која неформално ја подржуваше оваа мисија. Турското министерство за надворешни работи изутрината го повика изралскиот амбасадор Габи Леви за да му врачи протестна нота. Пред израелскиот конзулат во Истамбул се распоредени силни турски сили откако лути демонстранти за момент влегле во кругот на Конзулатот. Турскиот заменик премиер Булент Аринч повика на итна седница на шефовите за безбедност на војската и полицијата. Арнич е одговорен за ситуацијата, додека премиерот Реџеп Таип Ердоган е во посета на Чиле.
Реакции по нападот врз Флотилата
Силна меѓународна осуда за нападот на израелската морнарица која денеска го пресретна и го нападна конвојот бродови со хуманитарна помош за Појасот Газа, при што загинале најмалку 10-мина про-палестински активисти. Нападот предизвикува жестоки реакции во Турција, која неформално стои зад оваа акција. Реагираат ЕУ, Обединетите Нации, а САД побараа истрага за околностите на инцидентот.
Флотилата составена од 3 карго бродови со помош и три патнички бродови имаше за цел да го привлече вниманието врз израелската блокадата врз Појасот Газа контролиран од Хамас, а во кој живеат милион ипол палестинци. Премиерот на владата на Хамас во Газа, Исмаил Ханија го осуди израелскиот напад врз поморскиот конвој, во кој, како што се наведува, имало градежен материјал и други видови хуманитарна помош. Тој го повика Генералниот секретар на Обединетите Нации Бан Ки Мун да ги заштити луѓето кои беа во трите патнички бродови и да обезбеди безбеден влез во Газа. Со осуда реагираше и Претседателот на Палестинската власт Махмуд Абаз. Покрај Турција реагираше и Грција која се повлече од заедничката воена вежба со Израел. Загриженост изразија и Германија, Франција и Иран. Инцидентот се случи денеска во предвечерието на состанокот во Вашингтон меѓу Претседателот Барак Обама и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.
Израел и Египет воспоставија блокада на Газа откако власта ја превзеде Хамас во Јуни 2007. Според Израел, таа мерка беше неопходна поради тоа што Хамас стрела со ракети врз Израелска територија. Израел, истовремено, тврди дека доставува доволно храна и медицински материјал и дека нема хуманитарна криза во Газа.