Романија поддржува разумен компромис за името

Претседателите Ѓорге Иванов и Трајан Басеску

Романскиот претседател Трајан Басеску кој престојува во посета на Скопје, изјави дека и Грција и Македонија и се пријатели на Романија и поради тоа земјата не поддржува никого ексклузивно, туку е за разумен компромис и заедничко решение од кое ќе бидат задоволни двете земји. Басеску изрази надеж за скоро членство на Македонија во ЕУ и НАТО што е гаранција за стабилен Балкан.
И Македонија и Грција и се пријатели на Романија. Ние не поддржуваме ексклузивно ниту една страна. Ние како земја го подржуваме разумниот компромис и заедничкото решение од кое ќе бидат задоволни и двете земји, изјави романскиот претседател Трајан Басеску по средбата со неговиот македонски колега Ѓорѓе Иванов во Скопје.
Ниту Грција, ниту Македонија не треба да гледаат препреки и да бараат препреки во историското минато. Обете земји треба да најдат еден договор во кој заемно ќе чекорат понатаму да ја градат европската иднина.


„Ниту Грција, ниту Македонија не треба да гледаат препреки и да бараат препреки во историското минато. Обете земји треба да најдат еден договор во кој заемно ќе чекорат понатаму да ја градат европската иднина, затоа што само заеднички, заедичка Европа може да гарантира сигурен и стабилен Балкан.“
Претседателите Ѓорге Иванов и Трајан Басеску

Басеску изрази оптимизам дека Македонија насбрзо ќе стане членка на Европската унија и НАТО. Според Иванов неговите очекувања се темелат на искуството кое го има Романија и препреките со кои се соочиле на патот кон унијата и НАТО.

„И затоа е подготвеноста да помогнат со нивното искуство, за да ги пребродиме овие препреки што стојат пред нас во врска со нашиот сосед кој знаете се обидува не да воспостави спор со Македонија, туку да го оспори тоа што е Македонија и затоа ја искажа подготвеноста Романија да ги застапува ставовите што Македонија треба да ги изнесе на тие форуми каде што не е присутна.“

Басеску вели дека евроинтеграцијата на Западен Балкан е клучна за стабилноста на регионот, бидејќи кога нема стабилност нема ни инвестиции ни економски развој на земјите од регионот.