Британија ќе штеди, потврди кралицата

Приоритет на новата британска Влада ќе биде намалување на буџетскиот дефицит и враќање на растот во растресената економија, рече денеска кралицата Елизабета Втора. Монархот денеска формално го отвори парламентарното заседание, презентирајки ги мерките за штедење. Буџетскиот дефицит на Британија, според неофицијални проценки, сочинува 11 проценти од Бруто домашниот производ.