Јапонскиот премиер се извини за прекршување на предизборно ветување

Премиерот на јапонија Јукио Хатојама најави дека американска воена база ќе остане во Окинава. Со тоа премиерот отстапи од предизборното ветување дека објектот ќе биде иселен штом тој ќе добие власт, јави американската телевизија „Си –Ен – Ен“. „Вистина е дека сакав објектот да биде преместен надвор од Окинава. Жал ми е што на крај жителите на овој град не го добија тоа што го сакаа“ изјави Хатојама.