Германскиот канцелар Ангела Меркел денеска изјави дека ќе инсистира на воведување на нови даноци на финансиските пазари. Германија ќе лобира за ова на самитот Г-20 кој ќе се одржи во јуни во Канада. При своето денешно обраќање на меѓународен финансиски самит, Меркел не специфицираше дали данокот ќе се воведува за финансиска активност или пак ќе се оданочуваат трансакциите на пазарите. „Ова е нешто за кое нема да добиеме согласност на првата вечера“ изјави германскиот канцелар.