Повторно отворање на казахтанско-киргистанската граница

Казахтанското министерство за надворешни работи соопшти дека денеска повторно ќе ја отвори границата со Киргистан. Границата е затворена од 7 април. Казахтанскиот претседател Нурсултан Назарбаев претходно најави дека ќе ја отвори границата на почетокот на мај.