Италијанска фирма ќе гради фабрика во Бунарџик

Италијанската фирма „Текнохозе“,која произведува армирани гумени црева за висок притисок за автомобилската индустрија, ќе инвестира 10 милиони евра во фабрика во Технолошко индустриската развојна зона Скопје 1 - Бунарџик во која ќе се вработат 150 лица. Почетокот на инвестицијата беше означен денеска на Македонско-италијанскиот бизнис форум во Скопје со потпишувањето на Договорот за закуп на земјиште во слободната економска зона Бунарџик меѓу Андреа Витило, сопственикот на Групацијата „Витило“ чиј дел е „Текнохозе“ и директорот на зоната Марјан Јованов.