Иран ќе го испрати збогатениот ураниум во Турција, штом договорот меѓу двете земји ќе ја добие потребната подршка, изјави денеска шефот на иранската дипломатија Манчуер Мотаки. Пратката во Турција сепак ќе биде во соптвеност на Иран. Ние ќе имаме право да испратиме набљудувачи со цел да се потврди дека ураниумот соодветно се чува, изјави Мотаки по средбата со турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган и бразилскиот претседател Игнасио Лула Да Силва. Согласно договорот, кој беше потпишан денеска, Иран ќе испрати 1200 килограми збогатен ураниум во Турција во замена за нуклеарно гориво за реакторот во Техеран.