Славјето во Барселона го расипаа хулиганите

Шпанската полиција соопшти дека привела 104 лица во Барселона кои претерале во славењето на шампионската титула во домашното фудбалско првенство. Инцидентите се случиле главно по полноќ кога во градот останале хулигани кои дивееле низ улиците и дошле во судир со полицијата, при што биле повредени 87 лица и 32-ца полицајци.