Тајландските демонстранти бараат преговори со владата

Тајландските демонстранти во црвени маици апелираа за започнување на разговори со владата, по тридневните немири во главниот град во кои 33 луѓе загинаа, а 239 беа повредени. Демонстрантите се подготвени да ги започнат преговорите, но само покровителство на Обединетите Нации и доколу властите ја повлечат војската од улиците. Властите ги предупредија странските организации да не се мешаат во нивните работи.