Рускиот претседател Димитриј Медведев денеска телефонски разговарал со новоизбраниот премиер на Британија Дејвид Камерон. Двајцата лидери се согласиле дека ќе работат на подбрувањето на врските меѓу двете земји. Во соопштението на Кремлин се вели дека Медведев му ја честитал победата на Камерон и му посакал успех во извршувањето на функцијата. Односите меѓу Британија и Русија се заладија во 2006 година откако во лондон беше отруен службеникот на Кремлин Александар Ливиченко, кој беше критичар и поранешен член на Руската безбедносна служба.