Србија подготвена да ја повлече тужбата против Хрватска

Премиерот на Србија Мирко Цветковиќ изјави денеска во Загреб дека Србија е подготвена да ја повлече тужбата против Хрватска. Претходно, според него, треба да биде постигнат договор за безусловно истовремено меѓусебно повлекување на тужбите за геноцид. Хрватската премиерка Јадранка Косор изјави дека одлуката за тоа може да ја донесе само владата на Хрватска, но оти за тоа се уште не било разговарано.