Хрватска поддршка за Македонија

Македонија и Хрватска имаат одлични политички односи, без отворени прашања, а Хрватска како и досега ќе ја поддржува Македонија во промоцијата на нејзините интереси. Ова како што јавува агенцијата МИА, го заклучиле премиерите на двете земји Никола Груевски и Јадранка Косор на денешната работна средба во Загреб. На средбата што се одржа во пресрет на регионалниот состанок на шефови на влади на маргините на годишното собрание на Европската банка за обнова и развој, премиерот Груевски ја запознал Косор за реформите и модернизацијата на земјата.