Либијскиот министер за транспорт изјави дека едно десетгодишно дете од Холандија ја преживеало авионската несреќа на либијски патнички авион во која загинале 104 лица. Мохамед Али Заидан рече дека до сега се извлечени 96 тела од местото на несреќата во близина на аеродромот во Триполи. За сега нема информации за можните причини за уривањето на авионот кој полетал од Јужна Африка и требало да пристигне во Лондон по слетување во Триполи. Во леталото имало 93 патници и 11 членови на екипажот.