Без одлагање на американското повлекување од Ирак

Американското министерство за одбрана соопшти дека планираното повлекување на американските војници од Ирак нема да биде одложено поради најовиот бран насилство во таа земја и тешкотиите за формирање нова влада. Портпаролот на Пентагон Џеф Морел изјави дека во Ирак во моментот имало 94 илјади американски војници и оти до септември нивниот број треба да биде намален на 50 илјади.