Иран тестираше ракета со краток дострел

Иранските власти денеска соопштија дека ја тестирале ракетата со краток дострел „Фајр-5“ за време на воените вежби во Персискиот залив. Овој тип на ракета до сега не била тестирана, изјави шефот на копнените сили на иранската војска Киомарс Хајдари за новинската агенција „Фарс“. Ракетата наводно има дострел од 75 километри. Минатата недела иранските вооружени сили почнаа осумдневни воени вежби во Персискиот залив.