Поздравен фондот за спасување на еврото

Министрите за финансии на Европската унија на состанокот во Брисел се согласија да се воспостави итен фонд за заеми кој би можело да достигне ниво од околу 750 милијарди евра. Шефот на Меѓународниот монетарен фонд Доминик Штрос Кан оцени дека
спасувачкиот фонд е голем чекор напред, додека германскиот канцелар Ангела Меркел изјави дека тоа ќе придонесе за стабилноста на европската валута. Британија, која не го употребува еврото, смета дека пакетот е добро решение за Европа.