Нов споменик во чест на црвената армија во Москва

Денеска во Москва ќе се гради нов споменик во чест на црвената армија, откако Грузија го сруши стариот пред половина година. Лидерите на грузиските опозициски сили денеска му се придружија на рускиот премиер Владимир Путин во поставувањето камен темелник за помалата реплика на оригиналниот споменик. Грузија го сруши 45 метарскиот монумент во декември, тврдејки дека потребен е простор за нова владина зграда. Официјална Москва го интерпретираше актот како провокација.