Делегација на САД во посета на Македонија

Делегација на Министерството за одбрана на САД, предводена од заменик помошник на секретарот за одбрана за меѓународни безбедносни прашања, Џозеф МекМилан од денеска до 7 овој месец престојува во Република Македонија. Предвидено е делегацијата утре да се сретне со министерот за одбрана Зоран Коњановски. На средбата ќе присуствуваат и амбасадорот на САД во Република Македонија Филип Рикер македонскиот амбасадор во Америка Зоран Јолевски.