Тројца загинати во Атина

Тројца загина во пожар во банка во центарот на Атина, предизвикан од молотови коктели, јавија новинските агенции. Неофицијално пожарот го предизвикале демонстрантите кои се бунат против владините мерки за штедење кои се воведоа за Грција да добие заем од Европската унија и Меѓународниот монетарен фонд. Жителите на Грција стравуваат дека мерките за намалување на задолженоста ќе ги зголемат даночните давачки и ќе ги намалат пензиите. Претходно, полицијата употреби солзавец против демонстрантите во Атина. Протестите се случуваат за време на генералниот штрајк на јавната администрација, поради кој блокирани се летовите и повеќето јавни сервиси не работат.