Бугарскиот министер за надворешни работи Николај Младенов од утре ќе престојува во дводневна официјална посета на Република Македонија. Покрај разговорите со својот домаќин, министерот за надворешни работи Антонио Милошоски, шефот на бугарската дипломатија ќе се сретне и со премиерот Никола Груевски и со претседателот на Собранието Трајко Вељаноски. Во фокусот на разговорите меѓу двајцата министери за надворешни работи ќе бидат билатералните односи, особено можностите за продлабочување на економската соработка и напредокот во процесот на европското и евроатлантското интегрирање на Република Македонија.