Македонија можен извор на нестабилност во регионот

Стабилноста на Македонија е витална за стабилноста на регионот. Оваа порака што албанскиот премиер Бериша им ја пренел на лидерите на ДУИ и ДПА, според ДУИ, треба да се сфати сериозно бидејќи доаѓа од земја членка на НАТО. Според аналитичарите, на балканското нестабилно подрачје можноста од дестабилизација и натаму е отворена.
Со искрени и сериозни пораки во контекст на безбедносната состојба во земјата во регионален контекст, деновиве од Тирана се вратија лидерите на двете најголеми партии на Албанците во земјава, ДУИ и ДПА, Али Ахмети и Мендух Тачи се дознава од овие партии. Албанија е Македонски сосед кој успеа да стане членка на НАТО, па во тој контекст како што информираат од ДУИ,
Фактот што премиерот Бериша ја истакнал стабилноста на Македонија како витална за регионот, се разбира викендот непосредно по настаните во Република Македонија би требало да се земе како една порака што е загрижувачка.
поддршката и советите од Тирана се добронамерни, Македонија во интерес на стабилноста треба да ја оствари оваа цел и да им се придружи на земјите членки на Алијансата.

„Фактот што премиерот Бериша ја истакнал стабилноста на Македонија како витална за регионот, се разбира викендот непосредно по настаните во Република Македонија, би требало да се земе како една порака што е загрижувачка и се разбира кога доаѓа од членка на НАТО таа би требало да се сфати во сопствената сериозност како навистина таква“, изјави Ермира Мехмети од ДУИ.

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска рече дека сознанијата на МВР говорат за тоа дека запленетото оружје е поврзано со обид да се предизвика регионална нестабилност. На балканското нестабилно подрачје таквата можност и натаму е отворена, велат експертите и таа е најчесто поврзана со политичката нестабилност во земјите. Сепак, според нив, островот на нестабилноста се стеснува. Аналитичарот Албарт
Кај нас политичарите се прават глуви и не гледаат дека тензиите се зголемуваат и пак ги тераат своите исклучиви политики, значи политики кои не негуваат дијалог и меѓуетнички односи.
Муслиу вели дека регионалнотот опкружување се уште не ги исклучува безбесносните опасности. Но тој не очекува дека во Бугарија, во Грција, или во Србија може да се очекува поголема дестабилизација. На Косово е големо меѓународното присуство, а ниту од албанската внатрешна политичка криза не може да се очекува нешто поголемо од изолирани инциденти, вели Муслиу.

„Кај нас политичарите се прават глуви и не гледаат дека тензиите се зголемуваат и пак ги тераат своите исклучиви политики, значи политики кои не негуваат дијалог и меѓуетнички односи.“

Стагнирањето во поглед на евроатланстките и европските интеграции ја прави почувствителна Македонија и со оглед на историските аспирации на соседите, вели професорот од Факултетот за безбедност, Јордан Спасевски.

„Таа состојба што Македонија не е во НАТО и ЕУ, а соседите имаат некакви претензии кон Македонија, ако земеме во овој момент Македонија е безбедносно нестабилна.“

Од американската амбасада во Скопеје велат дека акцијата на полицијата на Блаце била успешно спроведена во соработка со КФОР на Косово.

Веруваме дека понатамошните осуди на насилствотото вклучувајќи ја и изјавата на ДУИ, заедно со неодамнешната потврда за посветеноста на ОРД од страна на премиерот од минатата недела покажува дека Македонија продолжува да покажува решеност да ги достигне своите евроатланстки аспирации. САД остануваат посветени на тоа да и помагаат на змејава да ги постигне овие цели.