Не паднало летало туку имало експлозија во Челичарница

Не станува збор за паднат авион или беспилотно летало, туку за експлозија во погонот „Челичарница“ во Железара, информира Томче Божиновски, инспектор од Дирекција за заштита и спасување, во врска со силната експлозијата што изутрината околу 8 часот ги вознемири жителите на Скопје.
Во експлозијата тешко е поведен еден работник, кој е пренесен во Градската болница.
Според Благоја Менковски, командир на Противпожарната бригата, чии екипи се на терен, експлозијата се случила при сечење на старо железо, кое е расфрлано на локации и надвор од кругот на фабриката.
Божиновски вели дека најверојатно меѓу старото железо имало предмет со експолизвно полнење кое при сечењето било активирано.