Летало, според изјави на граѓани, се урнало изутрината кај обиколницата во скопската населба Бутел при што имало експлозија. Се уште нема официјални информации кому му припаѓа летало и од каде полетало. Од АРМ велат дека леталото не е нивно, а од МВР проверуваат. Екипите од војската и полицијата се на терен. Не е познато дали леталото при падот предизвикало жртви или материјална штета.