Писма, комуникеа, страв и меѓународни реакции по инцидентот кај Блаце. Експертите со различни мислења. Политикологот Хисен Рамадани смета дека Владата е невнимателна за можните реакции на нејзините потези. Професорот Звонимир Јанкуловски, пак, со став – во недостиг на свежи идеи се игра на истите „финти“ кои успеале во минатото.
Писма, комуникеа, страв и меѓународни реакции. Домашните експерти ги препознаваат придружните елементи кои што може да асоцираат на веќе доживеаните безбедносни сценарија, но околностите според нив се различни. Дали некој ги сонува соништата од минатото или се повлекуваат доволен број политички потези кои што не сметаат на последиците, тешко е да се анализира по само неколку дена од откривањето на големата количина оружје кај Блаце.
На овие се уште отворени дилеми без доволен број информации домашните аналитичари се уште бараат одговор. Аналититчарот Хисен Рамадани во основа препознава две насоки на пораката, една од Владата која што на ваков начин би ги оправдала своите како што вели провокации кон Албанците во Македонија и една кон владата дека не успева да ги води работите во насока на хармоничен развој и наоѓање излезни решенија за многубројните проблеми.
„Мислам дека владејачката гарнитура е премногу невнимателна за можните реакции за нејзините потези. Иако, од многу страни и е укажано на тоа дека нејзините потези, односно некои нејзини политики, можат да предизвикаат некоја криза.“
Владата веќе подолго време ги пренебрегнува предупредувањата, додава Рамадани, а реакциите што дојдоа особено од меѓународниот фактор не биле никогаш поостри.
Според професорот Звонимир Јанкуловски загрижува фактот што прашањето почнува политички да се трансферира во неможност да се најдат нови аспекти на политичкотот дејствување. Доколку е тоа така, тогаш политичката иднина на Македонија навистина влегува во резочарувачки сценарија. Меѓународните реакции кон реформите, нерешените политички прашања и предупредувачките апели кои што деновиве беа многу остри го надополнуваат впечатокот. Но и покрај сето тоа. целата слика според Јанкуловски изгледа нереално.
„Во регионот веќе имате држави кои во опкружувањето се членки на НАТО, вклучувајќи ја и Република Македонија која партиципира во операции на НАТО. Сето ова ми изгледа нереално, политички нереално, но дел од играта. Кога немате свежи идеи, едноставно играте на истите финти на кои тоа ви успеално еднаш.“
Кон ова го додава и својот впечаток дека сосотојбите се под контрола особено поради релаксираниот однос на политичката гарнитура кон ова прашања. По инцидентот во четвртокот на Блаце, одговорноста преку соопштение вчера ја презеде ОНА.
Мислам дека владејачката гарнитура е премногу невнимателна за можните реакции за нејзините потези. Иако, од многу страни и е укажано на тоа дека нејзините потези, односно некои нејзини политики, можат да предизвикаат некоја криза.
На овие се уште отворени дилеми без доволен број информации домашните аналитичари се уште бараат одговор. Аналититчарот Хисен Рамадани во основа препознава две насоки на пораката, една од Владата која што на ваков начин би ги оправдала своите како што вели провокации кон Албанците во Македонија и една кон владата дека не успева да ги води работите во насока на хармоничен развој и наоѓање излезни решенија за многубројните проблеми.
„Мислам дека владејачката гарнитура е премногу невнимателна за можните реакции за нејзините потези. Иако, од многу страни и е укажано на тоа дека нејзините потези, односно некои нејзини политики, можат да предизвикаат некоја криза.“
Владата веќе подолго време ги пренебрегнува предупредувањата, додава Рамадани, а реакциите што дојдоа особено од меѓународниот фактор не биле никогаш поостри.
Сето ова ми изгледа нереално, политички нереално, но дел од играта. Кога немате свежи идеи, едноставно играте на истите финти на кои тоа ви успеално еднаш.