Протести пред иранската амбасада во Авганистан

Неколку стотина жители на Авганистан денеска протестираа пред амбасадата на Иран во Кабул. Во знак на незадоволство од зачестените смртни казни за авганистанските осуденици во Иран, демонстрантите запалија слика на претседателот на исламската република Махмуд Ахмадинеџад. Еден од организаторите на протестот, во изјава за авганистанскиот сервис на Радио Слободна Европа, рече дека целта на собирот е да се потенцира важноста на животите на авганистанците.