Американската крајбрежна стража ги испитува извештаите дека истечената нафтата во Заливот на Мексико дојде до устието на реката Мисисипи. Државата Луизијана прогласи вонредна состојба и побара финансиска и помош од 6 илјади припадници на Националната гарда во санацијата на штетите. Претседателот Барак Обама вети секаква помош во справувањето со дамката која по површина е голема колку Јамајка. Нафтата истекува од 22 април по експлодирањето и потонувањето на платформата на Бритиш Петролеум на 80 километри од брегот.