Претставници на Обединетата македонска дијаспора, како што соопштија, посетиле стотина претставници во американскиот Конгрес со цел да ги информираат за Резолуцијата 486 што уште во 2009 година беше поднесена во Претставничкиот дом, а во која Македонија се обвинува за непријателска пропаганда спрема Грција. Тие се надеваат дека ќе обезбедат поддршка против усвојување на резолуцијата и најавија дека планираат да го зачестат ваквото лобирање.