Грчката криза ќе влијае на евро интеграциите на регионот

На краток рок - еврото на удар од грчката економска криза

Експертите со поделени мислења околу влијанието на грчката економска криза и решавањето на спорот за името. Едни сметаат дека кризата дополнително го усложнува проблемот, а други дека меѓународниот фактор ќе настојува да се изнајде решение. Експертите се согласуваат дека кризата ќе влијае на целиот процес на проширување во ЕУ и ќе предизвика поголема внимателност во Унијата.
Економската криза во Грција поради високиот буџетски дефицит на земјата според некои политиколози ќе ги интензивира преговорите за спорот со името, за други може да влијае врз процесот на проширување на Европската Унија, а за економистите таа ќе има ефект само
Фактот дека во соседството имаме економска криза, не треба да не радува, во смисла дека тоа ќе значи полесно решавање на проблемот, напротив мислам дека тоа може да ја усложни работата
врз стабилноста на еврото. Кога во една земја има криза врзана за социјални и економски теми тоа се одразува неповолно во односите со соседните земји, особено ако се во некој спор, вели политикологот Денко
Денко Малески
Малевски. Грчките власти може да ги искористат проблемите во тој сектор за да се обидат да добијат повеќе гласови во јавноста, радикализирајќи ги темите како спорот со името со Македонија, вели тој.

„Фактот дека во соседството имаме економска криза, не треба да не радува, во смисла дека тоа ќе значи полесно решавање на проблемот, напротив мислам дека тоа може да ја усложни работата.“

Грчката криза нема да има последици само по евроинтеграциите на Македонија, туку ќе има последици за сите земји, кои сакаат да станат дел од европското семејство, вели политикологот Хисен Рамадани.
Може да влијае на поширок план на проширувањето на ЕУ и на поголема внимателност во пристапот за членство и од таа гледна точка тоа може да има последици за Македонија

„Може да влијае на поширок план на проширувањето на ЕУ и на поголема внимателност во пристапот за членство и од таа гледна точка тоа може да има последици за Македонија.“

Според Рамадани Грција и да сака да ги успори преговорите за името поради проблемите со кои се соочува, тоа нема да и го дозволи меѓународната заедница.
Хисен Рамадани

„Би сакала таа да го успори тој процес, но другите меѓународни фактори, особено САД, немаат воопшто намера да го успорат процесот на решавање на името со Република Македонија.“

Грчката криза нема врска со евроинтеграциите на Македонија, туку таа ќе влијае врз стабилноста на земјите во еврозоната, вели економистот Мирољуб Шокаров.
Еврото трпи последици и тоа деновиве бележи низок сооднос во однос на доларот. Значи, не би требало да се почувствуваат други процеси од фрчката финансиска криза.


„Еврото трпи последици и тоа деновиве бележи низок сооднос во однос на доларот. Значи, не би требало да се почувствуваат други процеси од фрчката финансиска криза.“

Според економстите финансиските проблеми на Грција ќе го намалат извозот на Македонија во јужниот сосед, а нема да се зголеми ни капиталот во земјава, бидејќи ќе се намали прометот меѓу компаниите на двете земји.