Парламентот на Украина денеска го ратификува договорот со кој руската морнарица ќе ја задржи базата на Крим до 2042 година. Гласањето се одржа и покрај тензичната атмосфера меѓу пратениците и протестите пред зградата на парламентот. Следбениците на поранешниот претседател Виктор Јушченко и поранешната премиерка Јулија Тимошенко протестираат против овој договор тврдејќи дека ги загрозува националните интереси. Во руската Дума договорот денеска беше одобрен без големи проблеми.