Парламентите на Украина и Русија денеска треба да го ратификуваат договорот со кој руската морнарица ќе го задржи седиштето на кримскиот полуостров до 2042-година. Продолжувањето на закупот на базата на морнарицата го договорија украинскиот претседател Виктор Јанукович и неговиот руски колега Дмитри Медведев во замена за 30 проценти намалување на цената на рускиот гас за Украина. Во последниве неколку дена следбениците на поранешниот претседател Виктор Јушченко и поранешната премиерка Јулија Тимошенко протестираа против овој договор тврдејќи дека ги загрозува националните интереси. Во руската Дума се очекува да се одобри овој договор без големи проблеми. Според последниот договор на Русија со Украина, флотата би требало да ја напушти базата во 2017-та.