Министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО синоќа во Талин се согласија да ја повикаат Босна и Херцеговина да пристапи кон Акциониот план за членство. Како услов се поставува оваа земја да го заврши пописот на целокупната воена опрема на својата територија, изјави портпаролот на НАТО Џејмс Апатурај. Акциониот план за членство има цел да го забрза напредокот на земјата- кандидат за членство во НАТО.