Јанукович го брани договорот со Русија

Договорот за продолжување на престојот на руската флота на црното море на украинска територија во замена за поефтин руски гас е придонес кон економскиот опстанок на Украина, рече денеска украинскиот претседател Виктор Јанукович. Украина и Русија вчера потпишаа договор согласно кој на руската флота и` се продолжува престојот на украинска територија до 2017 година. За возврат, рускиот претседател Димитриј Медведев најави дека Украина ќе добива за една четвртина поефтин руски природен гас. Договорот предизвика критики во украинската јавност. „Украина претходно имаше потпишано десетогодишен договор кој ја водеше земјата во гроб“ рече Јанукович на прес конференција денеска, во одбрана на новиот договор.